Мота направи детална анализа на Мурињо: Тој бара непријатели, ако нема ќе ги направи…

Дерби

20/11/2018

21:07

1.998

Големина на фонт

а а а

Португалскиот стратег, Жозе Мурињо со своите успеси и резултати во изминативе 15 години се издигна и промовираше себеси како еден од најдобрите тренери на светот.

Неговиот екипи секогаш наоѓаат начин за да дојдат до успех, a за тоа говори фактот и титулите кои ги освои со Порто, Челси, Интер, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. Меѓутоа Мурињо низ целиот овој период стекна и многу непријатели поради неговиот стил на игра и однесувањето крај аут линијата, на прес конференциите, па за многумина тој е „трн во око“.

Секако никој не може да му ги одземе успесите, но неговото однесување дефинитивно останува забележано и тешко ќе се заборави. Токму на тема Мурињо една детална анализа направи Тијаго Мота кој своевремено соработуваше со „специјалниот“.

-Тој е победник. Во неговата глава има една цел-победа. Забавата не го интересира. Мурињо има две страни: една среќна кога победува и една лута, изнервирана кога губи. Неговото расположение се менува од зависност од резултатот. Ако неговиот тим игра добро и загуби, не може да најде нешто позитивно. Ама ако игра лошо и победи тогаш ужива. Жозе не бара убавина, бара непријатели. Ако нема тогаш ќе направи. Со Интер имавме 11 поени предност во лигата, загубивме еден антпревар и потоа одигравме нерешено. Во понеделникот одржа пресконференција во која ги нападна сите: Галијани, Милан, Рома, судиите, Јувентус. Мораше да ја освежи атмосферата, -вели Мота за „Газета Дело Спорт“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг