Suzuki Jimny: Кога ќе пораснам сакам да бидам G-Class

Точка

20/11/2018

16:58

2.912

Големина на фонт

а а а

На прв поглед, веројатно веднаш помисливте дека станува збор за некоја помала верзија “G-Class” на германски Мерцедес, меѓутоа, очигледно не станува збор за такво нешто.

Зад овој стил на „мини“ верзијата на џипот на Мерцедес, се крие оригинален генетски код на симпатичниот SUV од Јапонија – Suzuki Jimny кој што доби „скромни“ измени.

Станува збор за првата серија на тјунерскиот пакет за новиот Jimny. Зад дизајнот стои јапонската тјунинг компанија “DAMD”. Креативните Јапонци за пример ја зеле претходната верзија на легендарниот модел на Мерцедес, односно моделот “G 63 AMG”.


Предните светла, трепкачите и издувните цевки поставени странично се речиси идентични како на моделот на Мерцедес, но доколку под хаубата очекувате дека ќе биде сместен „страшниот“ V8 турбобензинец на Германците, тогаш треба да се симнете на земја,

Ова сепак е Jimny, па како агрегат се користи малиот 1,5-литарски бензинец.



Спонзорирани линкови

Маркетинг