Му била секретарка, а потоа се венчале! Денес му е сопруга на овој европски политичар и вистинска интернет сензација

Точка

14/11/2018

16:01

4.069

Големина на фонт

а а а

Додека многу сопруги на европски политичари се држат подалеку од очите на јавноста, сопругата на премиерот на Чешка е исклучок со профил на социјалната мрежа Инстаграм, кој може да се помеша со профил на некоја гламурозна ѕвезда.

44-годишната Моника Бабишова е омажена со Андреј Бабиш повеќе од 20 години. Таа била негова секретарка, кога прв пат се запознале. 

По неговиот избор за премиер пред една година, таа секако ужива и во можноста да се поврзе со европската елита и да споделува настани од својот живот со своите 23.000 фанови.

View this post on Instagram

Zrcadlový sál ve Versailles

A post shared by Mona (@monikababisova) on

Овој викенд парот присуствувал на церемонијата во Париз, по повод обележувањето на 100-годишнината од Првата светска војна, и Моника не се срамела да сподели фотографии со останатите државници и нивните сопруги.

"Толку е убава", навела во описот на фотографијата со првата дама на САД, Меланија Трамп.

Секојдневно поставува фотографии со сопругот, кој првобитно направил богатство како земјоделски бизнисмен и сопственик на две медиумски организации.

Парот има две деца, Вивијен и Фредерика, кои се тинејџери.

Во една прилика ги навела своите пороци, како што се пушењето, виното и не-одењето во теретана.

"Се обидувам да изгледам најдобро што можам, да бидам пријатна и пред се своја. Таква Андреј ме познава и ме сака", рекла таа.

Сепак, таа не живее во сенка на сопругот, ниту оди од еден гламурозен настан на друг.

"Не чекам сопругот да се врати дома од работа и да ми каже што да правам. Независна сум", навела таа.

"Работев на целокупен проект две години. Дизајнирав и опремив ентериер и креирав хотел. Дефинитивно не ми здодевно", додала таа.

View this post on Instagram

Zahájení hudebních slavnosti v Salzburgu

A post shared by Mona (@monikababisova) on

View this post on Instagram

Kuchticka?‍????

A post shared by Mona (@monikababisova) on