Терористички напад на Крим: Експлозија и пукање на факултет: 13 мртви, 70 повредени! Маскирани напаѓачи убивале студенти

Точка

17/10/2018

14:17

3.922

Големина на фонт

а а а

Најмалку 13 лица загинале, а 70 биле повредени во експлозија во Политехничкиот факултет во Керч, во источниот дел на Крим, а инспекторите соопштиле дека станува збор за терористички напад.

На местото на настанот се наоѓаат антитерористички единици кои соопштиле дека експлозијата била подметната, и дека експлозивната направа била полна со шрапнели, а сведоците наведуваат дека во исто време се одвивало и пукање. 

Двајца очевидци рекле дека за време на експлозијата на бомбата околу зградата имало вооружени напаѓачи кои пукале во луѓето.

Поради експлозијата на Крим била прогласена тридневна жалост. 

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рекол дека се истражува можноста да станува збор за терористички напад.

ПРетходно било соопштено дека до трагедијата дошло откако експлодирал гас.

Итни служби и спасувачки возила се на самото место. Досега во болница биле однесени 18 луѓе.

##https://twitter.com/Vityzeva/status/1052516707816955905##



Спонзорирани линкови

Маркетинг