Лејди Гага ја потврдила свршувачката со својот агент

Точка

17/10/2018

10:05

4.143

Големина на фонт

а а а

Пејачката ги потврдила гласините кои веќе долго време се шират, за нејзината свршувачка со момчето.

Лејди Гага во својот говор на доделувањето на наградите „Women in Hollywood“, за магазинот „Elle“, го нарекла своето момче и агент Кристијан Карино „мојот вереник“.

„Им благодарам на сите мои сакани луѓе. Боб (Камбел, нејзиниот менаџер), те сакам. Ги сакам сите што седат на масата број пет. Мојот вереник Кристијан. На сите кои секојдневно се грижат за мене“, рекла Гага во својот говор.

Гласините за нивната свршувачка, прв пат се појавиле минатото лето. Неколку месеци подоцна, поточно во ноември, извор близок на пејачката за „Us Weekly“, открил дека парот се верил за време на летото и дека Карино дури го прашал таткото на Гага за нејзината рака. Сепак, тие двајца досега не го потврдиле тоа.


Гага и нејзиниот агент, започнале врска во февруари во 2017-та година, а јавноста дознала за нив тогаш кога Гага настапила на „Super Bowl“.

Пејачката позади себе има една пропадната свршувачка со актерот Тејлор Кини, со кој прекинала во јули, 2016-та година, поради пренатрупаниот распоред.


Сè уште не е познато кога Гага и нејзиниот вереник ќе застанат пред олтар, но секако би било прекрасно да ја видиме како невеста. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг