Вака изгледа Хоакин Феникс како Џокер

Точка

25/09/2018

20:03

4.227

Големина на фонт

а а а

Режисерот на филмот "Joker", Тод Филипс, објавил кратко видео во кое фановите на најпопуларниот негативец од стриповите на "DC" ќе можат да видат како актерот Хоакин Феникс изгледа под маската.

Во краткиот видео-материјал, кој режисерот го објавил на својот профил на Инстаграм, се гледа како актерот стои со мала насмевка, додека преку лицето му минува слика од "Џокер", пишува Independent. 

Филипс пред неколку дена објавил дека "Џокер" на Феникс, кој во филмот ќе се вика Артур, ќе биде значително поразличен од оној оригиналниот од стрипот. Филмот со наслов "Џокер" ќе го следи животот на најголемиот непријател на Бетмен, како и неговиот развоен пат - од комичар до криминалец

Буџетот на филмот е 55 милиони долари, што е значително помалку од претходните адаптации на "Warner Bros". Најмалиот буџет пред ова го држел филмот "Wonder Woman" со 149 милиони долари, додека најголем буџет имал филмот "Justice League" од 2017. година. Буџетот на овој филм бил 300 милиони долари.

И покрај најнискиот буџет овој филм ветува, бидејќи покрај Феникс во него ќе се појават актери како Роберт Де Ниро, Франсес Конрој, Марк Марон и Зази Битц. Во кината се очекува во октомври 2019. година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг