"Престара си да го носиш тоа": Холивудската актерка ја искритикувале поради овој моден детаљ

Точка

25/09/2018

20:02

5.748

Големина на фонт

а а а

Холивудската дива, 73-годишната актерка Хелен Мирен, добила многу критики поради изборот на нејзиниот аксесоар.

Легендарната актерка, Хелен Мирен, на својот Инстаграм профил објавила фотографија на која може да видиме како изгледа нејзината дневна комбинација.


За разлика од изданијата на црвенит тепих, филмската ѕвезда носела едноставна гардероба, поточно црни панталони и тесна маица со долги ракави во пастелна нијанса, додека на грбот носела црн кожен ранец.

Токму овој аксесоар на сите им забодел очи, судејќи по реакциите на корисниците на интернетот, на многумина не им се допаднал.

"Не, не, не, Хелен. Ти си толку убава и совршена. Зошто го носиш тој ранец? Одамна немаш 19 години", "Како што гледам, си се вратилаво училиште", "Престара си да го носиш тоа", се само дел од коментарите.  

Други пак, се "фатиле" за цената на овој ранец (395 фунти), зад која се потпишува американскиот луксузен бренд "Tumi", истакнувајќи дека "тоа е претерување". 



Спонзорирани линкови

Маркетинг