Пожар на Пелешец, гори борова шума – жителите ги бранат куќите

Макфакс

25/09/2018

19:06

1.774

Големина на фонт

а а а

Во пожар што избувна кај местото Мокало на хрватскиот остров Пелешец гори густа букова шума. Според последните информации, огнот го зафати Оребич, каде што жителите се обидуваат да ги спасат своите домови од огнената стихија.

Со интервенција на пожарникарите, дел од објектите се спасени, но огнот зафати неколку домови кои се изгорени.

Во гаснењето на огнот се вклучени три канадери, а се најавува дека на терен ќе биде испратен и уште еден.

Силното невреме го спречува гаснењето на пожарот и пристапот до жариштето.





Спонзорирани линкови

Маркетинг