Лејди Гага го враќа гламурот во Холивуд, замотана во сребрена чипка

Точка

25/09/2018

17:16

3.817

Големина на фонт

а а а

Славната пејачка и по ново, актерката буквално заблескала на премиерата на својот филм "A star is Born", во Лос Анџелес.

Лејди Гага одлчила да го врати гламурот во Холивуд, во раскошна тоалета, од модната куќа "Givenchy", изработена од сребрена чипка.


Покрај долгата тоалета, која се влечела по земјата, барем еден метар после неа, пејачката се накитила и со сребрен накит, а со бојата на тоалетата ја ускладила и шминката, поточно сенката за очи, додека усните ги нагласила со црвен кармин, исто како дивата во Стариот Холивуд.


Старите Холивудски времиња ги презентирала и со косата која ја обоила во ладна, руса нијанса и ја обликувала во гламурозни локни.


Инаку, откако го промовира својот филм, Гага се појавува само во фантастични изданија, но овојпат се надминала себеси. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг