Нора Џоунс ја заврши долгогодишната пауза и објави "песна без име"

Точка

25/09/2018

15:20

1.507

Големина на фонт

а а а

Како што вети, Нора Џоунс продолжи со објавувањето на нови синглови. Најновиот се вика "A Song With No Name", а заедно со неа, на синглот работел и Џеф Твиди.

Во изминатите неколку месеци, имавме прилика да слушнеме уште два сингла од неа, тоа се "It Was You" и "My Heart Is Full".

Како што споменавме, за оваа песна ѝ помогнал Џеф Твиди, кој е најпознат по својата работа во бендот "Wilco". Освен што бил задолжен за продукција, Твиди свирел на неколку инструменти и помогнал во пишување на музиката.

Иако сѐ уште нема официјални вести за новиот албум, нејзините обожаватели сега веќе се сигурни дека Нора е блиску до него.

Музичките критичари ширум светот се воодушевени од нејзиниот нов материјал и драго им е што Нора ја прекинала 6-годишната пауза, за да претстави нешто ново. Освен новите синглови, Нора им се вратила и на настапите. Ќе се појави на големиот концерт во чест на Џони Мичел, за нејзиниот 75-ти роденден.  

Освен неа, на истиот концерт ќе настапат и Сил, Дајана Крал, Чака Кан и многу други изведувачи. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг