НАСА открила две нови планети: Во вселената има илјадници непознати светови, ќе ги пронајдеме сите

Точка

24/09/2018

15:42

4.822

Големина на фонт

а а а

Орбиталниот телескоп на НАСА, кој бара нови светови надвор од Сончевиот систем, открил две оддалечени планети, пет месеци по лансирањето, соопштиле службениците од американската вселенска агенција.

Сателитот "ТЕШ" открил "суперземја" и "жешка Земја", планети во соларни системи кои се најмалку 49 светлосни години оддалечени од Земјата, што е прво откритие на сателитот по лансирањето од Флорида во април. 

Научничката Сара Сигер наведува дека овие планети се претопли за на нив да има живот, но додава дека од телескопот ТЕШ се очекуваат уште откритија.

"Ќе мора да почекаме да видиме што уште ТЕШ ќе открие. Знаеме дека постојат планети, расфрлени по небото, кои само чекаат да бидат пронајдени", рекла таа.

Мисијата на сателитот ТЕШ ќе трае две години, ќе чини 337 милиони долари, а целта е да го прошири знаењето на астрономите за таканаречените егзопланети кои кружат околу далечните ѕвезди.

ТЕШ ја продолжува работата на своите претходници, вселенскиот телескоп Кеплер, кој открил 3.700 егзопланети во текот на претходните 20 години, пред да остане без гориво.

НАСА очекува дека ќе наиде на илјадници досега непознати светови, можеби и стотина планети со големина на Земјата или двојно поголеми од неа.

Сателитот идентификувал и најмалку 73 ѕвезди околу кои можеби кружат и егзопланети.




Спонзорирани линкови

Маркетинг