Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, изјави дека одлуката на Европскиот парламент да поведе казнени мерки против неговата земја е мала одмазда на промигрантските политичари од Европа.
Сијарто рече дека Унгарија ќе бара начин да ја оспори одлуката на ЕП.
„Денешната одлука на Европскиот парламент не е ништо друго, освен ситна одмазда на промигрантските политичари против Унгарија. Одлуката беше донесена против правилата на европските договори“, изјави министерот за надворешни работи.
Со реакција се произнесе и унгарскиот премиер, Виктор Орбан, кој порача дека мерките на Брисел против Будимпешта го кршат договорот за ЕУ.
Претходно, Европскиот парламент гласаше за активирање на членот 7, кој ќе ѝ овозможи на ЕУ да ги спроведе казнените мерки против Унгарија, која беше обвинета од Брисел за поткопување на владеењето на правото во земјата.