Времена измена на сообраќајниот режим на експресниот пат Прилеп – Градско, делница Фариш – Дреново

Макфакс

12/09/2018

09:28

1.252

Големина на фонт

а а а

„Конструксионе Рубау А.Д. Гирона“ Шпанија известува дека е изведувач на експресниот пат Прилеп – Градско, делница Фариш – Дреново, согласно со одобрението за времена измена на режим на сообраќај, во текот на денот, односно од 7:00 часот ќе започнат со работи на пат, а прекини во сообраќајот ќе има од 9:00 до 15:45 часот, се наведува во соопштението на АМСМ.

„Прекините ќе започнат во 9:00, 11:00, 13:00 и 15:00 часот и ќе траат околу 30 до 45 минути. По 15:45 часот, сообраќајот ќе се нормализира. На 13.09.2018 со градежните работи ќе почнат во 7:00 часот, а прекини во сообраќајот ќе има од 9:00 до 11:45 часот. Прекините ќе почнат во 9:00 и 11:00 и ќе траат околу 30 до 45 минути, по 11:45 часот иститот ден сообраќајот ќе се нормализира“, се наведува во соопштението од АМСМ.

Од АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците, велат можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.



Спонзорирани линкови

Маркетинг