Мистерија која трае 11 години: Потрагата по малата Медлин МекКен можеби ќе биде и дефинитивно прекината

Точка

11/09/2018

21:25

6.175

Големина на фонт

а а а

Потрагата по Медлин МекКен, киднапирана во 2007. година, во летувалиште во Португалија, би можела да биде прекината веќе за три седмици.

Новиот британски министер за внатрешни работи, Саџид Џавид, не добил барање за дополнителни средства од полицијата, а се очекува дека досегашните средства наменети за таа цел ќе бидат потрошени до крајот на месецот. 

Детективите, кои и натаму трагаат по исчезнатото девојче, при последните патувања во Португалија не наишле на значајни трагови, па нејзините родители Кејт и Гери МекКен стравуваат дека потрагата по неа ќе биде прекината на неодредено време.

Во март оваа година на инспекторите им биле одобрени уште 150.000 фунти за потрага по киднапираното девојче, а во текот на 11-те години потрошени биле вкупно 11 милиони фунти.

Во мај родителите го прославиле нејзиниот 15. роденден.

Малата Меди била киднапирана од апартман во летувалиштето Праја да Луш, каде спиела со братот и сестрата близнаци. За тоа време, нејзините родители вечерале со пријатели во ресторан во близина. Кога се вратиле кратко по 22 часот, виделе дека ја нема.

Детективите веруваат дека Меди била киднапирана од трговци со луѓе, или од крадци по неуспешен обид за кражба.




Спонзорирани линкови

Маркетинг