(Видео) Ивановска: „Тоа е тој опел“

Макфакс

11/09/2018

15:15

772

Големина на фонт

а а а

По увидот на црвениот „опел“ во складот кај Миладиновци, адвокатката на оштетените Дафинка Ивановска, рече дека спорните прашања кои ги посочил Врховниот суд во пресудата за предметот „Монструм“, а кои се однесуваа на возилото пронајдено на 10-ина километри кај Смилковското езеро се расчистени.

„Тоа е тоа возило, „опел“ омега вишна боја“, рече Ивановска. Адвокатката рече дека станува збор за возило со ист број на шасија како она што било наведено во вештачењето. „Ги има калниците, потпирачите на задните седишта…“ рече застапничката на оштетените. 

Адвокатот на обвинетите, Насер Рауфи пак, рече дека изгледот на возилото не одговора со она од вештачењето и затоа рече дека ќе ги испитуват вештаците кои го направиле вештачењето. Следното рочиште за предметот „Монструм“ е закажано за 19 октомври.



Спонзорирани линкови

Маркетинг