Драстичен пад на популарноста на Макрон

Макфакс

11/09/2018

12:27

1.060

Големина на фонт

а а а

Популарноста на францускиот претседател, Емануел Макрон, се намали за 12 процентни поени во текот на летото, покажува анкета објавена денеска, за што француските медиуми пишуваат дека е драстичен пад.

Седум од десет Французи (71%) сега имаат негативно мислење за шефот на државата, кој го собори сопствениот рекорд на непопуларност, a само 29% од испитаниците кои го сметаат за добар претседател.

Емануел Макрон паѓа во секој сектор од испитувањата на јавното мислење по почетокот на новата работна година, обележана со заминувањето на двајца најпопуларни министри (Николас Хуло и Лаура Флесел), според анкетата направена за медиумите „Л’експрес“, „Франс Интер“ и „Прес регионал“.

Францускиот премиер, Едуард Филип, загуби пет процентни поени (35 проценти) во споредба со претходната анкета направена кон крајот на јуни, а 64 проценти од испитаниците имаат негативно мислење за него.

Истражувањето беше спроведено на интернет од страна на агенцијата „Одокса“ на 5 и 6 септември меѓу 1004 лица на возраст над 18 години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг