На увид црвениот „опел” со кој според обвинителството бегале убијците од смилковскиот масакр

Макфакс

11/09/2018

12:05

1.819

Големина на фонт

а а а

Црвената „опел омега” со која бегале убијците на децата кај Смилковското езеро денеска е на увид на судот, обвинителите и јавноста во склад во близина на Миладиновци.

Возилото беше клучен доказ на обвинителството, со кој се тврдеше дека во возилото е најдено влакно со иста ДНК како и на првообвинетиот Алил Демири. На гумите од возилото била пронајдена кал, која според хемискиот состав соодветствува на составот на земјата од Смилковското езеро.

Врховниот суд во напатствијата посочи дека се направени низа пропусти и неправилно е утврдена фактичката состојба.




Спонзорирани линкови

Маркетинг