Саудијците уапсиле Египќанец - поради најбизарна причина

Точка

10/09/2018

16:08

2.155

Големина на фонт

а а а

Властите на Саудиска Арабија го привеле египетскиот хотелски работник поради видео снимка на која се гледа како појадува со колешка од Саудиска Арабија, соопштило Министерството за работа, кое го повикало и сопственикот на хотелот на разговор.

На снимката, која се појавила на социјалните мрежи, се гледа пар како појадува на маса и мавта кон камерата. Во еден момент жената, која традиционално е целосно покриена, го храни мажот. 

Сопственикот на хотелот исто така бил повикан на разговор бидејќи ги прекршил прописите во врска со просторот и вработувањето на жени.

Според владините одредби, на работното место мора да се обезбедат посебни простории за жени, а посебни за мажи, но во пракса тоа не се применува толку строго.

Обвинителството подоцна издало соопштение во кое апелира до странските државјани да ги почитуваат законите и прописите на Саудиска Арабија, како и нејзината традиција.




Спонзорирани линкови

Маркетинг