Рикардо: Време е да победам во Сингапур

КРУГ.МК

10/09/2018

17:03

1.305

Големина на фонт

а а а

Даниел Рикардо се надева дека конечно ќе му се посреќи трката во Сингапур претстојниот викенд откако во последно време среќата апсолутно не е на негова страна и бележи механички проблеми и не финишира на крајот.

Во Германија имаше механички проблем, во Белгија исто така, а тоа се повтори и на Монца. Во меѓувреме имаше и казни поради предвремена промена на мотор. Од оваа гледна точка неговиот трансфер од Ред Бул во Рено може да се гледа како на исправен потег.

Својот прв подиум низ градот држава Рикардо го имаше во 2014 година, неговата дебитантска во Ред Бул.

„Сите знаат дека сакам улични трки. Чувството да се вози на лимитот толку блиску до оградата ме возбудува и никогаш не ми е доволно. Завршувам на подиум минатите четири години и мислам дека крајно време да победам“, логично размислува австралијанецот.

Се работи за првата ноќна трка во календарот, која е таква од нејзиното додавање на календарот, нешто што на Дани му се допаѓа.

„Сингапур е првата ноќна трка на календарот што многу ми се допаѓа. Има нешто романтично да се легнува во 5 часот наутро“, на шега изјави Рикардо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг