Пожар кај пругата во близина на Тутунски комбинат

Макфакс

10/09/2018

14:25

1.066

Големина на фонт

а а а

Ридестиот предел под пругата во близина на амбулантата „Пролет“ и на Тутунскиот комбинат во Кисела Вода е зафатен со пожар. Според очевидци, пожарот е намерно подметнат од страна на деца.

Во овој предел има нискостеблеста шума и дрвја кои можат да бидат зафатени. Во близина на пожарот има и паркинг, куќи и две згради. Вработените од фирмите се обидоа сами да го изгаснат пожарот со противпожарни апарати, но безуспешно.

Повикана е противпожарна служба, бидејќи пожарот се шири. Според изјави на очевидци, пожарната служба била повикана пред 30 минути, а според информациите од терен сè уште не е пристигната екипа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг