Зидан ја даде првата конкретна изјава за својата иднина и предизвика бура од реакции

Дерби

10/09/2018

10:57

2.710

Големина на фонт

а а а

Британскиот таблоид „Мирор“ во текот на вчерашниот ден излезе со интересна и ексклузива вест поврзана за можно пристигнување на Зинедин Зидан на клупата на Манчестер Јунајтед, а ваквите гласини ова утро дополнително добија на сила откако францускиот стручњак за првпат даде некоја поконкретна изјава за својата иднина.

По изненадувачкото напуштање на Реал Мадрид, Зидан во повеќе наврати потенцираше дека планира да одмори и да собере сили пред да го започне новиот тренерски проект, но ако се суди според неговата изјава, тоа време е се пократко и во блиска иднина може да очекуваме негово присуство во фудбалот.

Популарниот Зизу не даде конкретен одговор за шпекулацијата која ја изнесе англиски „Мирор“, но посочи дека неговото враќање на клупата е „многу блиску“.

– Сигурно е дека моето враќање е многу блиску. За брзо време повторно ќе бидам тренер. Фудбалот е мојот живот и нема сомнеж дека набрзо ќе имам ангажман, – порача Зидан при гостувањето во националната телевизија на Шпанија, „ТВЕ“, изјава со која предизвика многу реакции и дополнителни шпекулации меѓу светските медиуми за тоа која ќе биде неговата следна авантура.



Спонзорирани линкови

Маркетинг