Рамос за пеколниот пречек од фановите во Англија: Сите зборуваат за Салах, никој не памети што ми се случи мене

Дерби

09/09/2018

11:07

2.480

Големина на фонт

а а а

Серхио Рамос при изјавата за мечот со Англија истакна дека знае како да се справи со свирежите од англиските фанови, а најaвената пеколна атмосфера против капитенот на Шпанија навистина се оствари на „Вембли“ и стоперот беше бурно исвиркан од фановите.

Причина за тоа е потегот од големото финале во Лигата на шампионите по кој Мохамед Салах заработи незгодна повреда на рамото, а со оглед на тоа што добар дел од фановите на трибините беа навивачи на Ливерпул, Рамос добиваше силни свирежи.

Капитенот на Реал и Шпанија пред мечот порача дека е навикнат како да се справи со непријателска атмосфера, но по победата која ја оствари неговата селекција на најпознатиот стадион во Англија, ги потсети фановите да не заборават низ што минаа тој и неговото семејство по несреќната ситуација во Киев.

– Секако дека би сакал да имам друг пречек. Сите зборуваат и се сеќаваат само на една акција од финалето, никој не ги памети заканите за смрт кои ги добивав и низ што се минаа моето семејство и моите деца, – порача Рамос.



Спонзорирани линкови

Маркетинг