Рохани: САД постојано испраќаат пораки до Иран за да започнат преговори

Макфакс

08/09/2018

14:13

1.636

Големина на фонт

а а а

Иранскиот претседател, Хасан Рохани тврди дека Соединетите Американски Држави постојано испраќаат пораки до Техеран за да започнат преговори.

„Од една страна, тие се обидуваат да извршат притисок врз народот на Иран, а од друга, секојдневно ни испраќаат пораки на различни начини, според кои би треба да дојдеме и да преговараме заедно”, рече Рохани во својот говорот, кој го емитуваа тамошните медиуми.

Претседателите на Иран, Русија и Турција вчера одржаа клучен самит во Техеран, во врска со судбината на последното упориште на бунтовниците во Сирија.

Претходно, новиот американски претставник за Сирија соопшти дека постојат докази дека сириската влада подготвува употреба на хемиско оружје. Џим Џефри предупреди дека каков било напад би предизвикал несовесна ескалација.

Иранскиот претседател, Хасан Рохани, вчера од Техеран, каде што се состана со претседателите на Турција и Русија, Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин, изјави дека американската интервенција во Сирија треба да биде итно прекината.



Спонзорирани линкови

Маркетинг