Шефот на Формула 1 уште еднаш ја покажа својата наклонетост кон Доналд Трамп: "Тој е најдоброто нешто што му се случи на светот"

Точка

08/09/2018

14:03

2.686

Големина на фонт

а а а

Берни Еклстон, еден од првите луѓе на Формула 1 и секако еден од најбогатите луѓе во Обединетото Кралство, даде интервју во кое уште еднаш ја покажа својата наклонетост и верност кон американскиот претседател.

"Па, тој е најдоброто нешто што можеше да му се случи на овој свет", вели 87 годишниот Берни и додава: 

"Тој работи по свое, не се грижи околу тоа што мислат другите. Тој се движи по својот пат и сметам дека досега не направил ништо лошо. А, јасно е дека не го сакаат во неговата земја, оние кои всушност не треба да бидат таму, кои илегално останале во САД", изјави Еклстон.


Во големото интервју зборуваше и за големото богатство кое го поседува .

"Парите не ме направија среќен. Ја работев работата која ја сакав, а парите дојдоа после успехот", вели тој.


Исто така го запрашаа дали воопшто жали за тоа што целиот свој имот ѝ го препишал на поранешната сопруга Славица.


"Немаше ништо лошо поврзано со таа одлука, бидејќи сакав да обезбедам семејство во случај на болест или смрт. Таа тогаш доби дел од акциите, но јас сè уште сум жив и нормално контролирам сè и тука ништо не е спорно", заклучи Еклстон.




Спонзорирани линкови

Маркетинг