Катар ќе инвестира 10 милијарди евра во Германија

Макфакс

07/09/2018

14:57

759

Големина на фонт

а а а

Катар планира директни инвестиции за Германија во износ од 10 милијарди евра кои ќе бидат распределени во пет години, изјави емирот Тамим бин Хамад ал Тани.

„Со цел да ја покажеме нашата верба во силата на германската економија и важноста да се инвестира во неа, би сакал да најавам дека Катар планира да инвестира 10 милијарди долари во Германија во наредните пет години,“ изјави Ал Тани.

Емирот говореше на отварањето на конференцијата за инвестиции помеѓу Катар и Германија, и додаде дека трговијата помеѓу овие две земји се удвоила и достигнала 2,8 милијарди евра.

Германската канцеларка, Ангела Меркел, на конференцијата изјави дека инвестициите на Катар се добредојдени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг