Пејачката уште еднаш докажа дека изгледа совршено во сѐ што ќе облече и дека е навистина една од најголемите модни икони на денешницата.
Ријана е ѕвезда во новото издание на модниот магазин "Garage", за кој позирала во уште едно издание за паметење, кое ја вклучува и најубавата цветна блуза која досега сме ја виделе.
Кратката розова блуза со откриени рамена, која комплетно е направена од рози е дело на модната куќа "Dolce & Gabbana", исто како црните кожни панталони.
На насловната страна во фокус се и нејзините екстравагантни златни нокти, кои, доколку се работеше за некој друг, сигурно ќе се зборуваше дека одамна излегоа од мода, но Ријана уште еднаш докажа дека може да носи буквално сѐ.
Изгледот го надополнила со златно ланче и елегантни црни сандали со светулкави кристали и сребрени ланчиња. За насловната страна ја пуштила и исправила својата супер долга коса, а усните ги нагласила со црвен кармин, кој ѝ стои совршено.
Во внатрешноста на магазинот, Ријана можете да ја видите во уште неколку впечатиливи изданија, кои не се типични за нејизниот стил, а тоа и била основната идеја на стилистот на магазинот, Карлос Назариа, кој посакал да ни ја покаже пејачката во поинакво издание, пренесува Daily Mail.