Германската министерка за надворешни работи во Турција ќе се заложи за ослободување на германските затвореници

Макфакс

05/09/2018

14:43

1.083

Големина на фонт

а а а

Германската министерка за надворешни работи, Хеико Маас, ќе се заложи за ослободување на седум Германци затворени во Турција за време на својата прва посета на земјата, пренесува „Локал“.

Маас денес пристигна во дводневна посета на Турција во текот на која покрај средбата со својот колега Мевлут Чавушоглу, ќе се сретне и со претседателот Реџеп Тајип Ердоган на нешто повеќе од три недели пред државната посета на Ердоган во Германија. Планиран е и состанок со претседателот на парламентот Бинали Јилдирим

„Не е никаква тајна дека развојот на Турција, особено состојбата со човековите права, нè загрижува и ги засенуванашите односи”, рече Маас пред да замине од Берлин.

Таа посочи дека бројните случаи на притвор го покажуваат ова и дека таа отвотено ќе зборува за овие теми, но исто така истакна дека сака да продолжи да работи на подобрување на односите меѓу двете земји.

„Од стратешки интерес за Германија е конструктивно да ги обликуваме нашите односи со Турција. Турција е повеќе од голем сосед, таа е важен партнер на Германија”.

Посетата на Маас се совпаѓа со тековните проблеми на Анкара со САД и проблемите во турската економија, па затоа е во интерес на Ердоган да ги поправи односите со Германија и со Европската Унија. По неуспешниот обид за државен удар во Турција пред околу две години беа уапсени најмалку 35 Германци, главно поради политички причини. Неколку притворени германски државјани беа ослободени, но седуммина се уште се наоѓаат во турските затвори.

Политичките односи меѓу Германија и Турција се напнати, но во последниве месеци двете страни презедоа чекори за нивно подобрување. Маас јасно стави до знаење дека германско-турските односи можат да се олеснат само кога затворениците ќе бидат ослободени.

Во меѓувреме, друг случај, кој стана јавен во вторникот, најверојатно ќе предизвика дополнителни тензии. Според германските радиодифузери WDR и NDR, еден германски државјанин бил уапсен во Бугарија под притисок на Турција.Според медиумите, 44-годишниот германски државјанин Мехмет Ј. бил притворен во бугарскиот град Варна откако турскиот суд го осудил во отсуство на неколку години затвор за наводна поврзаност со Курдистанската работничка партија(ПКК). Постои загрижености дека тој може да биде екстрадиран во Турција. Министерството за надворешни работи во Берлин не го коментираше случајот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг