Поради слабеењето на лирата, можно е помало вложување на Турција во Балканскиот Регион

Макфакс

05/09/2018

12:30

850

Големина на фонт

а а а

Американската новинска агенција „Асошиетед прес“ (АП) пишува за турските инвестиции во Западен Балкан.

Агенцијата шпекулира за евентуално намалување на инвестициите од таа земја во Балканскиот Регион поради тековните економски и финансиски тешкотии во Турција, јави „Нова економија“.

Додека некои аналитичари велат дека финансиските превирања во Турција би можеле да ги забават идните инвестиции на Турција во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово, други велат дека официјална Анкара ќе се обиде да ги задржи постојните инвестиции и трговска размена бидејќи Западен Балкан, според АП, е геополитички значаен за турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.



Спонзорирани линкови

Маркетинг