Во Триполи вонредна состојба, а Либијците го слават Гадафи: Илјадници знамиња со неговиот лик се вееле низ улиците

Точка

04/09/2018

09:48

4.532

Големина на фонт

а а а

Илјадници Либијци ја прославија 49 годишнината од револуцијата во градот Саби, а насобраниот народ вееше знамиња со ликот на поранешниот лидер Моамер ел Гадафи, кој беше лидер на земјата од 1969 до 2011 година. Празникот се слави како сеќавање на државниот удар и воспоставувањето на режимот на Гадафи на 1 септември 1969 година.

1 септември беше прогласен за празник за време на владеењето на Гадафи, но после неговата смрт Либијците се плашеле да го прославуваат денот на револуцијата, некои од револт кон Гадафи, а некои од страв дека ќе бидат сфатени како негови поддржувачи. 

Меѓутоа, граѓаните на Саби одлучиле за прв пат после промената на власта во Либија да го прослават 1 септември на улиците и на тој начин да го искажат своето незадоволство од владеачките структури во оваа африканска држава богата со нафта.


Во меѓувреме валдата на Либија, која е признаена од Обединетите Нации, прогласи вонредна состојба во Триполи и околината поради нападите во кои се убиени 39 лица, вклучувајќи и цивили.

Министерството за здравство соопшти дека повредени се 96 лица.

Во соопштувањето кое го издаде владата, спротивставените страни се повикуваат да престанат со конфликтите и да го почитуваат договореното примирје.


Либија од избувнувањето на конфликотот во 2011 година западна во тотален хаос, пренесува агенцијата и потсетува дека тогаш бил соборен и убиен нивниот лидер, Моамер Гадафи.


Од тогаш, со земјата управуваат две спротивставени влади, една со седиште во Триполи и една на истокот на Либија, а и двете влади имаат поддршка од бројни вооружани групи кои имаат власт на тој терен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг