Дваесетминутни задржувања на Табановце и Богородица

Макфакс

02/09/2018

14:46

908

Големина на фонт

а а а

На граничните премини Табановце и Богородица има задржување од 15 до 20 минути, а на остатаните гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, велат во пладневното соопштение од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Оттаму потсетуваат дека викенд забраните за тешки товарни возила на сите патишта во земјава се завршени заклучно со вчерашниот ден (1. септември).

Додаваат и дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, а интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг