Папата за родителите на хомосексуалните деца: "Не ги осудувајте, не ги исфрлајте од домот. Обидете се да ги разберете"

Точка

27/08/2018

19:32

2.410

Големина на фонт

а а а

Папата Франциск вчера ја заврши кратката посета на Ирска, одбележана со експлозивните досиеја за свештеничките злоставувања на деца. Ова е првата папска посета на Ирска по речиси четири децении.

Соочен со обвинувањата за злоставување во Црквата во повеќе земји, тој минатата недела објави незапаметено писмо до сите католици, повикувајќи ги да помогнат во искоренување на оваа "култура на смртта" и ветувајќи дека повеќе нема да има криење на ваквите скандали. 

Пред заминувањето, папата уште еднаш кратко поразговарал со новинарите и во таа прилика се обратил до сите родители на хомосексуални деца. Тој им порачал да не ги осудуваат своите деца, да не ја игнорираат нивната сексуална ориентација и да не ги исфрлаат од домовите, пишува "Huffington Post".


Наместо ваквите агресивни и непримерни реакции, папата Франциск им порачува на верниците да се молат, да разговараат со децата и да пробаат да ги сфатат.

"Отсекогаш постоеле хомосексуални луѓе и оние со хомосексуални склоности", изјавил тој. На прашањето што би ги советувал родителите чие дете се декларира како хомосексуалец, тој одговорил:

"Не осудувајте. Разговарајте. Пробајте да го разберете вашето дете и дајте му простор тој или таа да се изрази".

Папата Франциск додал и дека можеби на некое дете му е потребна психолошка помош, но разбирањето и толеранцијата се на прво место.

"Игнорирањето на детето со таква склоност укажува на недостиг од мајчинство и татковство. Секое дете има право на семејство и тоа на семејство кое нема да го исфрли на улица", заклучил папата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг