Electronic Arts после масакрот на турнирот: Ова е страшно

Точка

27/08/2018

16:42

4.632

Големина на фонт

а а а

После синоќешниот масакр на турнирот на видеоигри во Џексонвил на Флорида, до јавноста преку социјалната мрежа Твитер се обратија и од Electronic Arts, производителот на играта која што се играше на турнирот.

Electronic Arts (EA), компанијата за дигитална и интерактивна забава, која што ја произведува играта Madden, покровител на турнирот во Џексонвил на Флорида, порача дека станува збор за страшна ситуација и од компанијата упатија сочувство до семејствата на настраданите во вооружениот напад.

„Свесни сме за инцидентот на турнирот Championship Series под покровителство на на Madden во Џексонвил. Работиме заедно со властите на собирање на фактите во овој момент“, порачаа од Electronic Arts.


„Ова е страшна ситуација и испраќаме најдлабоко сочувство до сите кои што се најдоа таму“, порачаа од Electronic Arts на својот профил на социјалната мрежа „Твитер“.

Да потсетиме, според последните информации, во вооружениот напад на гејмерскиот турнир во Џексонвил беа убиени четири лица, додека најмалку 11 биле ранети. Наводно масовното убиство го извршил еден од учесниците на турнирот кој што загубил на една од партиите, а после нападот, тој си го одзел животот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг