Папата не сака да ги коментира тврдењата дека долго време знаел за силувањата во Католичката црква

Макфакс

27/08/2018

12:40

991

Големина на фонт

а а а

Папата Франциско изјави дека нема да ги коментира обвинувањата од поранешниот висок претставник на Ватикан, Карло Марија Вигано, дека ги прикривал случаите на сексуална злоупотреба во Католичката црква.

Папата на новинарите во авионот, враќајќи се од Даблин во Рим, им рекол дека нема да каже ни збор во врска со документот на Вигано.

Вигано во неделата побара од папата да си поднесе оставка, будејќи, како што тврди тој, пред пет години му ги презентирал наводите за сексуална злоупотреба со кои бил соочен поранешниот кардинал, Теодор Макерик.

Папата изјави дека новинарите треба внимателно да го прочитаат документот и да проценат дали е веродостоен, објави „Ројтерс“.

Макерик, чија оставка беше прифатена од Франциско минатиот месец, е прв кардинал кој поднесе оставка од висока позиција во црквата, откако истрагата ги оцени како веродостојни наводите дека злоупотребил 16-годишно момче.

Вигано, поранешен амбасадор на Ватикан во Вашингтон, во писмото на 11 страници доставено до медиумите, наведува дека на папата уште во 2013 година му ги предочил наводите за сексуална злоупотреба кои се случуваат во пониската хирерархија на свештеништвото, каде припаѓал и Макерик.




Спонзорирани линкови

Маркетинг