Детонација во Куманово, експлозивот бил ставен во канта за отпад

Макфакс

25/08/2018

14:04

2.655

Големина на фонт

а а а

Кумановчани утрово ги вознемири експлозија. Според информациите на МВР, во инцидентот нема повредени, а предизвикана е материјална штета.

Доцна синоќа, во 3 и 20 часот по полноќ, А.Д.(30) од Куманово пријавил во полиција дека слушнал детонација од експлозивна направа пред капијата од неговата куќа. Според првичните информации, најверојатно експлодирала експлозивна направа ставена во корпа за отпад пред капијата. „Во настанот повредени лица нема, предизвикана е само материјална штета на прозорците од куќата. Се презмеаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.




Спонзорирани линкови

Маркетинг