СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ со години ги понижуваше лекарите

Макфакс

23/08/2018

16:53

1.021

Големина на фонт

а а а

Изманипулирани и излажани лекари и здравствени работници и здравство пред колапс е грдата слика што ја остави зад себе токму ВМРО -ДПМНЕ по 11-те години криминално и расипничко владеење, обвини владеачката СДСМ.

„Губење на едуцирани и квалитетни доктори и здравствени работници поради непочитување на нивниот труд и нивно заминување на трајна работа во странство е она коешто за жал можевме да го гледаме во изминативе години во државава. Владата предводена од СДСМ со огромна сериозност и одговорност го започна процесот на рехабилитација на здравството кое што се наоѓаше во катастрофална состојба, благодарение на погубните и криминални политики на ВМРО ДПМНЕ“ соопшти СДСМ. 

Како еден од првите чекори во обезбедувањето на квалитетни и достојни услови за работа на лекарите, е, како што велат, зголемувањето од 5 отсто на платите на здравствените работници, а се воведе и плаќање на надоместок и на приватните специјализанти и зголемување на надоместокот за прекувремена работа, дежурства и ноќен труд. 

Исто така додаваат дека во однос на условите за работа на здравствените работници и лекарите, како и услугите кои ги добиваат пациентите, се инвестира во осовременување со медицинска опрема, а се донесе реален и одржлив план за изградба на нов Клинички центар. 

Владата предводена од СДСМ и ресорното министерство продолжуваат активно да работат на подобрување на здравствениот систем, унапредување на условите за работа на лекарите и поголема грижа за правата на пациентите, се наведува во соопштението.



Спонзорирани линкови

Маркетинг