Фијаско на фамозното “несопирливо” оружје на Путин: За време на тестирањата исчезнала стелт нуклеарната ракета

Точка

23/08/2018

22:07

6.767

Големина на фонт

а а а

Ракетата која што рускиот претседател Владимир Путин ја претстави како „најдоброто и несопирливо“ оружје на светот, исчезнала за време на тестирањата, па сите во руската армија биле загрижени од протекување на радиоактивен материјал.

Руската армија е во потрага по загубениот нуклеарен проектил кој што претседателот на државата, Владимир Путин во март оваа година гордо го претстаави како проектил кој што може да погоди било која цел на светот и против кого нема одбрана.

„Станува збор за стелт проектил со нуклеарна боева глава кој има неограничен домет, непредвидлива траекторија на движење и можност да избегнува пресретнувачи. Несопирлив е за сите постоечки и идни ракетни одбранбени и против-воздушни системи. Никој на светот не поседува вакво оружје“, фамозно пред неколку месеци Путин го најави оружјето, кое што сега се чини дека е толку „несопирливо“, што руската армија не може ниту да го пронајде откако ќе биде лансирано.


Според американските разузнавачки извори, руската армија четири пати го тестирала овој проектил во периодот од ноември 2017-та година и февруари 2018-та година и сите тестирања завршиле неславно – со соборување на проектилот во морето.

Сега откако се дозна за фијаското на руската „несопирлива“ ракета, руската армија се подготвува за мисија која што ќе има за цел да го пронајде загубениот проектил, затоа што постои реална опасност од протекување на радиоактивен материкал.

Во потрагата по загубениот проектил во Баренцовото море ќе бидат испратени три воени бродови, од кои еден ќе биде опремен за работа со радиоактивни материјали. Научниците биле загрижени дека радиоактивниот материјал од проектилот би можел да протече и да предизвика еколошка катастрофа во морето.


Според тврдењата на американските разузнавачки служби кои што со големо внимание ги следеле тестирањата, најдолгиот лет на проектилот не траел повеќе од две минути, додека најкраткиот бил само четири секунди. Новиот руски проектил користат погон на ракетно гориво за полетување, по што се активира нуклеарен погон. Токму изостанувањето на активацијата на нуклеарниот погон е причината за неуспешното тестирање.

„Ако овој проектил кој што е загубен во морето биде лоциран и извлечен без оштетувања, тогаш хипотетички можеме да поминеме без загадување на животната средина и ширење на радиоактивноста. Но, се сомневам дека е така поради силината на ударот при падот во морето. Ако лансирате проектил на нуклеарен погон, тој материјал ќе заврши таму каде што ќе заврши и проектилот“, изјави Ханс Кристенсен, директор на Нуклеарниот информациски проект при Сојузот на американски научници.



Спонзорирани линкови

Маркетинг