Флоренци даде маестрален одговор на прашање за Роналдо и ја обиколи фудбалската јавност

Точка

21/08/2018

17:10

2.879

Големина на фонт

а а а

Италијанските медиуми полека ги собираат впечатоците од првото одиграно коло во Серија А, натпреварување кое со исклучок на Интер, добро го отворија големите кандидати за титулата.

Јувентус, Наполи и Рома остварија победи и со три победа влегоа во новата натпреварувачка сезона, со тоа „бјанконерите“ и „волчицата“ стигнаа до триумфи во самите завршници од средбите. Херој за Јувентус беше Бернардески, а за Рома таквиот епитет го понесе Един Џеко, но сепак она за што зборува цела Италија во изминативе 20-тина часа е изјавата која всушност ја дал Алесандро Флоренци во интервјуто за „Скај“.

Вториот капитен на Рома меѓу другото бил запрашан дали се чувствува возбудено и дали се будат некакви емоции додека го гледа Кристијано Роналдо од пред телевизорот, а Флорнци со својот маестрален одговор со кој не заборави на останатите играчи во Серија А стана вистински хит на социјалните мрежи.

Новинарот се обиде да дознае како влијае „Кристијано-манијата“ врз самите играчи во Серија А, но Флоренци со својот одговор феноменално го скроти водителот и му одржа лекција за тоа дека Роналдо не треба да се гледа поинаку од другите играчи во Калчо лигата.

– Не чувствувам никаква емоција кога го гледам, искрено, емоции кај мене предизвикуваат други работи во животот. Мене ми се допаѓа фудбалот, го гледам Јувентус како и секој друг тим. Тоа ќе биде многу силен ривал, но исто така има многу други силни ривали и играчи кои се исто така големи. Роналдо е само еден повеќе, – порачува Флоренци чие видео е најсподелувано на социјлалнит мрежи во Италија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг