ОБСЕ: Поништувањето на извештајот за Сребреница е тажна одлука што спречува помирување

Макфакс

21/08/2018

12:32

757

Големина на фонт

а а а

Одлуката на Владата на Република Српска да го поништи извештајот на својата комисија за настаните во Сребреница од 1995 година е тажна и претставува краткорочен потег што ќе служи само за продлабочување на поделбите и спречување на помирувањето, соопшти Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ).

Специјалниот претставник на парламентарното собрание на ОБСЕ за Југоисточна Европа, Марк Причард, изјави дека фактите утврдени во извештајот од 2004 година не се спорни за да ги потврдат меѓународните и домашните кривични судови и дека раните од сребреничката трагедија не треба повторно да се отвораат поради краткорочна политика.

„Лидерите на Босна и Херцеговина мораат да избегнуваат националистичка реторика која доведува до поделби пред изборите во октомври“, наведе Причард во пишана изјава.

Тој ги повика пратениците од народното собрание на Република Српска повторно да ја разгледаат одлуката во насока на помирување и да се фокусираат на прашањата од значење за граѓаните на Босна и Херцеговина, пред сè на економскиот просперитет, образованието, здравствената заштита и борбата против корупцијата.

Народното собрание на РС на 14 август го отфрли со гласовите на српските пратеници извештајот на комисијата за истражување на настаните во и околу Сребреница од јули 1995 година, во кој се признаваат масовните убиства врз Бошњаците од страна на српските сили.



Спонзорирани линкови

Маркетинг