ВМРО-ДПМНЕ: Констатирана е одговорност кај Лазе Велковски, потребна е кривична одговорност

Макфакс

18/08/2018

17:10

976

Големина на фонт

а а а

Констатирана беше одговорност за службена злоупотреба на поранешниот директор на БЈБ Лазе Велковски и сега кога веќе не е спорно дека има одговорност, тогаш не треба да биде спорно и кривично истиот да одговара за злоупотреба и неовластено користење на службени ресурси на МВР, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Лазе Велковски како и неговиот надреден Министерот Оливер Спасовски треба да одговараат за злоупотреба на службена должност по членот 353 од КЗ. ОЈО е на потег“, стои во соопштението испратено до медиумите од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Истовремено, додаваат од партијата дека одбегнувањето на кривична одговорност значи дека Власта штити криминал и злоупотреби и не сака спроведување на правната држава.

Од тие причини Македонија е вбројувана меѓу најкорумпираните во Европа, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека токму поради тоа државата има негативен извештај за корупција од ГРЕКО, Советот на Европа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг