Фантастичен спој на дизајнот и технологијата: Fossil ги претстави новите паметни часовници

Точка

08/08/2018

15:01

2.442

Големина на фонт

а а а

Новите два модели на паметни часовници кои што деновиве ги претстави Fossil, според многумина се поврзување на најдоброто од традицијата и дизајнот на часовниците со модерната технологија.

Следејќи ги дизајнерските стандарди и во комбинација со бројните напредни опции, новата генерација на паметни часовници на Fossil ќе ги исполнува апсолутно сите потреби на корисниците, тврдат од оваа компанија.

Новите Fossil Q Venture HR и Fossil Q Explorist HR доаѓаат со најмодерната технологија – опремени се со сензор за мерење на отчукувањата на срцето, поддршка за NFC мобилното плаќање со услугата Google Pay, GPS на самиот уред што значи дека нема да има потреба за поврзување со паметен телефон, водоотпорност, 4 GB меморија и можност за брзо полнење на батеријата.


Како најголем минус на овие паметни часовници на Fossil ќе го издвоиме процесорот. Имено, новите часовници на Fossil се опремени со процесорот Snapdragon Wear 2100 кој што наскоро ќе биде заменет од новиот и многу подобар нов процесор на Qualcomm, па за неколку месеци можеме да очекуваме нови паметни часовници со далеку подобри перформанси.

Поради тоа, можно е одреден број на корисници да одлучат да почекаат да пристигне новиот процесор и да купат некој друг паметен часовник кој ќе биде опремен со него, отколку да ги купат паметните часовници на Fossil.


Инаку, моделот Q Venture HR има куќиште од 40 милиметри, додека пак моделот Explorist HR е поголем, односно има куќиште од 45 милиметри. Двата модели имаат куќиште од нерѓосувачки челик и работат на оперативниот систем Wear OS на Google.

На пазарот се очекува да пристигнат кон крајот на овој месец и ќе се продаваат по цена од 255, односно 275 долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг