Се урна авион на Алпите, загинале сите 20 патници

Точка

05/08/2018

16:24

5.120

Големина на фонт

а а а

Загинале сите дваесет патници и членови на екипажот при пад на туристички авион во швајцарските Алпи, објави денеска полицијата.

Авионот на компанијата "JU-Air" се срушил вчера на западната страна на планината Пиз Сегнас во кантонот Граубунден. Помеѓу загинатите имало 17 жители на Швајцарија и тричлено семејство од Австрија. 

Полицијата потврдила дека станува збор за авион од типот "JU-52" кој летал од Локарно до Дубендорф во близина на Цирих.


Кобен авантуристички лет со авион од Втората светска војна

Авионската компанија "JU-Air" е основана во 1982 година и нуди разгледувања, чартер и авантуристички летови со своите три авиони од Втората светска војна кои некогаш ги користело Швајцарското воено воздухопловство.

Авионот се срушил во котлина на висина од 2450 метри, а на местото на несреќата се испратени спасувачи и хеликоптери. Официјални претставници изјавиле дека авионот не испратил повик за помош и наведуваат дека истрагата за причината за несреќата ќе биде прилично комплицирана. Даниел Кнехт од швајцарската Агенција за безбедност во сообраќајот соопштил дека, според наодите, авионот удрил во земјата речиси вертикално и тоа при голема брзина.


Очевидци од еден планинарски дом изјавиле дека авионот направил ненадејно свртување непосредно пред падот и додале дека по ударот на леталото во земјата не чуле експлозија.

Неколку часа претходно загина четиричлено семејство во пад на мал авион во централниот дел на Швајцарија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг