Која ќе биде првата компанија што ќе го претстави флексибилниот паметен телефон?

Точка

30/07/2018

17:18

2.042

Големина на фонт

а а а

Според последните информации, кинески Хуавеи би можеле својот прв флексибилен паметен телефон да го претстават веќе идната година и да го претркаат Самсунг.

Гласините за флексибилните телефони чиј што екран ќе може лесно да се преклопи и како паричник да се стави во џеб, траат веќе неколку години. Но, ако може да им се верува на последните информации, првиот паметен телефон со флексибилен екран би можел да се појави на пазарот веќе идната година.

Наводно, од Хуавеи забрзано работат на производството и лансирањето на својот прв флекибилен паметен телефон на преклопување со цел да го претекнат големиот ривал Самсунг, иако до неодамна кружеа гласини дека Јужнокорејците веќе оваа година планираат да го претстават „револуционерниот“ телефон.


Според гласините, Хуавеи својот флексибилене паметен телефон ќе го опреми со флексибилни ОЛЕД панели произведени од кинеската компанија “BOE”.

Од друга страна, Самсунг сами ги развиваат флексибилните екрани, а неодамна потврдија дека успешно е развиен првиот флексибилен екран кој што не се крши и за кој што компанијата добила сертификат во САД.


Сепак, со флексибилните екрани се поврзуваат и низа на прашања кои што можат да влијаат на корисничкото искуство, а и тоа колку луѓето ќе бидат подготвени да платат за „чудото од технологија“.

Како и да е, ќе биде интересно да се види што ќе направи Хуавеи, но и другите големи компании, кога станува збор за ваквите телефони и дали телефоните на преклопување ќе ја воодушеват широката маса, или пак ќе бидат само „играчка“ за љубителите на технологијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг