Пратениците ја изгласаа потребата од донесување на измените во Изборниот законик

Макфакс

25/07/2018

19:24

1.021

Големина на фонт

а а а

Со 93 гласа „за“ и 1 „против“ се изласа потребата измените во Изборниот законик што се однесуваат на финансирањето да се донесат по скратена постапка.

Измените за Законот за Влада и Законот за финансирање на партиите беа едногласно изгласани со 96 гласа. Гласањето за потребата законите да се носат по скратена постапка помина без образложување од страна на предлагачите.

Откако законите ќе бидат разгледани на матичните комисии, ќе се вратат повторно на пленарна седница каде се очекува да бидат усвоени.

Без дискусија, со 100 гласа0„за“ беше изгласан новиот состав на Државната изборна комисија. Оливер Дерковски од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде претседател на Комисијата, а негов потпретседател ќе биде Дитмире Шеху од редовите на ДУИ. Елизабета Постоловска е избрана како член од ВМРО-ДПМНЕ. Борче Кондарко, Јанакие Витановски и Радица Ристевски се членови од СДСМ. Во ДИК од партијата Беса на Касами ќе биде Енвер Салиу. Дневниот ред беше изгласан со 99 гласови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг