Чави за новиот предизвик во кариерата: Јас го сакам фудбалот и имам многу искуство, ама…

Дерби

21/07/2018

20:20

2.099

Големина на фонт

а а а

Шпанскиот ас, Чави Ернандез остави голема трага во светот на фудбалот со тоа што последниве години своето знаење и квалитет на теренот го пренесува во Катар во тимот на Ал Сад.

Неговата желба за во иднина кога ќе ги закачи копачките на клин е да биде тренер, а и да ја предводи екипата на Барселона во која се прослави на големата сцена. Меѓутоа самиот Чави е реален, свесен и признава дека не знае дали ќе биде успешен во новиот предизвик, дали ќе може да се снајде во новата улога со оглед на тоа што низ историјата имаме голем број на примери на луѓе кои би супер успешни како фудбалери, ама и лоши како тренери.

-Како тренер, јас сум непознат квантитет. Јас дури и самиот не знам дали ќе бидам успешен. Го сакам фудбалот и имам многу искуство, но морам да се докажам. Ќе почнам од почеток, но тоа е нешто што се уште го немам започнато. Сè уште сум во потрага по титули, -истакна Чави за „Мундо Депортиво“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг