Си го доби заслуженото: Погледнете како реагираше оваа келнерка откако маж ја фати за задникот

Точка

21/07/2018

12:44

5.213

Големина на фонт

а а а

31-годишниот Рајан Червински од Џорџија цел живот ќе го памети моментот кога при поминување одлучи да ја допре келнерката за задникот.

Без разлика дали станува збор за жена или маж, на сексуално злоставување сите мораме да имаме нулта толеранција. Баш како и Емели Холден, 21-годишната келнерка која што „напаѓачот“ го зграпчи за маица, го повлече и го фрли на подот.

Набрзо после инцидентот кој што бил пријавен во полиција, Рајан Червински бил уапсен откако инспекторите ги погледнале снимките од надзорните камери во пицеријата во американската сојузна држава Џорџија.

Червински сега е обвинет за сексуално злоставување, а за целата ситуација да биде уште полоша за него, тој бил уапсен пред својата сопруга со која што бил во брак 11 години и имал новородени близнаци.

Тој бил задржан во притвор два дена, по што бил пуштен и судењето ќе го дочека на слобода. Тој се бранел со тврдењето дека на келнерката сакал да ѝ даде до знаење да се тргне за тој да може да помине, меѓутоа нема човек кој што верува во неговата приказна, посебно не откако видеото се појави и стана вирално на интернет.



Спонзорирани линкови

Маркетинг