"Москва е подготвена за посетата на Путин на САД, но одлуката ќе биде на Кремљ"

Точка

20/07/2018

12:32

747

Големина на фонт

а а а

Москва е подготвена да ја разгледа можната посета на претседателот на Русија, Владимир Путин, на повик на американскиот претседател Доналд Трамп, изјавил денес рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов.

Како што пренесува "AP", Антонов рекол дека Русија "е секогаш отворена за такви предлози". 

"Подготвени сме за дискусија на оваа тема", рекол тој.

Сепак, се наведува, тој нагласил дека останува на Кремљ официјално да одговори, а Кремљ уште не ја прокоментирал понудата на Трамп.

Антонов исто така рекол дека е важно "да се соочат со резултатите" од самитот Трамп-Путин, кој се одиграл за време на викендот во Хелсинки, пред да се избрза кон следен состанок.

Агенцијата нагласува дека во САД се разбудила загриженост по прашањето за тоа за што разговарале двајцата претседатели на состанокот. Рускиот амбасадор исто така повторно го негирал мешањето на Русија во претседателските избори во САД во 2016. година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг