Дејвид Гета и Мартин Гарикс за најголемото финале на Егзит досега: "Егзит те сакаме!"

Точка

16/07/2018

15:08

3.058

Големина на фонт

а а а

Завршено е 18 издание на фестивалот Егзит, кој оваа година го одбележаа речиси 200.000 посетители, кои за време на четирите ноќи и денови поминаа низ кралската капија. Освоената титула за најдобар европски фестивал беше и повеќе од докажана со тоа што Петроварадинската тврдина беше посетена од 55.000 луѓе за најголемото финале досега за Егзит!

За славењето на сите бини и еуфории каква што досега не била видена лично се погрижија David Guetta, Martin Garrix, Alice Merton, Nina Kraviz, Joseph Capriati, Asian Dub Foundation, ZHU, Tale of Us, Asphyx, DJ Tennis, Red Axes, Elderbrook и многу други. Овогодинешното издание на фестивалот од старт ги надмина досегашните настапи благодарејќи на новата продукција на главната бина чија публика од првата ноќ ги распамети Мигос, но и американската рокерка LP, па арт-поп иконата Fever Ray.  


Петокот и саботата беа одбележани според концертите на реге кралот Зиги Марли, раперот Френч Монатана, историскиот настап на Грејс Џоунс и сјајно расположениот Офенбах. Оваа година Денс арената покажа нов спектакуларен изглед која сите четири дена задржа полн капацитет до самото затворање со техно иконата Ричи Хаутин, електронскиот гениј Maceo Plex, хаус кралот Соломон и една и единствена Нина Кравиц, која втора година по ред го затвора Егзит фестивалот со гласни овации од публиката од повеќе од 70 земји од светот кои извлекоа насмевка и солзи на лицето.


Традиционално експлозивната завршница на Егизт фестивалот ќе остане врежана во меморијата благодарејќи на импресивните изведувачи и хитови, така што на главната бина, пред врвниот хаус звук, нумерите на младата ѕвзеда во подем Алис Мертон одекнуваше на Петроварадинската тврдина на воодушевување на публиката кои нејзината песна "No Roots" ја прогласија за најголем хит на фестивалот. Таа сепак ги повика сите да ѝ се придружат на крајот на август на Sea Dance фестивалот, а заразната енергија од младата рокерка претставуваше и идеална увертира за спектаклот на најмладиот и двојниот добитник на наградата за најдобар светски диџеј, Мартин Гарикс. Публиката со воодушевување ги дочека неговите хитови "Animals" и "So Far Away", но и бројни други во специјално подготвени верзии кои беа проследени со светло, видео и бројни сценски ефекти.

Громогласни овации се слушнаа кога на бината се искачи и еден од најнеприкосновените владетели на топ листите и голем обожавател на Егзит, Дејвид Гета. Со најголемите хитови од својот пребогат опус го заврши фестивалот извикувајќи: "Егзит те сакам!".


Напредната продукција на Денс арената сјаеше во полн ефект пред илјадниците неуморни посетители кои деноноќно се забавуваа до последниот ден на фестивалот. Загревањњето за уште една фантастична ноќ на Денс арената го започна и берлинската селекторка Дана Ру, а следуваше и Kolsch, Данецот кој пише и брише нови правила во електронската музика. После тоа зад дуџеј пултот застана и техно принцот Џозеф Каприати, кој преполната арена ја доведе во состојба на асолутна еуфорија. Првите утрински зраци ги поздравија Tale of Us, кои со својот препознатлив звук совршено ја подготвија публиката за завршница на една од најдобрите фестивалски бини на светот!


После минатогодишното спектакуларно затворање на Егизт фестивалот, но и овациите и враќањето на бината повеќе пати, Нина Кравиц после неверојатно успешна година се врати назад во вториот дом да ја прослави титулата за најдобар фестивал.

Изведувачите традиционално одлично си поминуваа на фестивалот, така што Грејс Џоунс ја импресионираше публиката со енергијата, па го продожли својот настап со дополнителни 45 минути. Maceo Plex на својот Твитер профил напишал: "Најдобар фестивал? Многу веројатно"! Борис Брејча изјави дека е заљубен во Егзит, додека вистински професионализам покажа и Анастасија Кристенсен, чиј татко почина на денот кога настапи, но излегувањето на бината не го откажа велејќи дека тоа бил "најважниот настап во нејзиниот живот". Импресионирани со овој потег, бројни луѓе ја поддржаа, помеѓу кои се и изведувачите од претходната година Rebekah, Paul Woolford и Insolate.


Мега ѕвездата на новата генерација Амели Ленс имала фантастичен настап на Денс арената, после што изјавила дека имала огромна тремна, бидејќи нејзината животна желба била да настапи на Егзит фестивалот и дека цело искуство било нереално.




Спонзорирани линкови

Маркетинг