Себастијан Курц со јасна порака до Ердоган: Преговорите со Турција треба да се прекинат!

Точка

02/07/2018

16:29

5.187

Големина на фонт

а а а

Австрискиот канцелар Себастијан Курц денес ги критикуваше апсењата на хомосексуалните активисти во Турција и побара да бидат целосно прекинати пристапните преговори со оваа земја.

„Турција веќе со години прави огромни чекори со кои што се оддалечува од Европската унија. Основните права и слободи во Турција веќе со години, посебно поради вондредната состојба масивно се ограничуваат“, објасни Курц во соопштението на неговиот кабинет.

Себастијан Курц, чија што земја го превзеде претседавањето со Европската Унија од вчера, изјави дека случувањата и апсењата за време на геј парадата во Истанбул претставуваат нов доказ за оддалечување на Турција од Европа.


Австрискиот канцелар порача дека не смее да има дискриминација врз основа на сексуалната ориентација и таквите собири треба да се подразбира дека ќе ги има во иднина.

„Јас и натаму сметам дека пристапните преговори со Анкара треба конечно и дефинитивно да бидат прекинати“, изјави австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Односите помеѓу Виена и Анкара драстично се влошија во последните неколку години – австриските власти им забранија на турските политичари да организираат политички собири во Австрија, а неодамна владата на Курц нареди затворање на седум џамии ширум Австрија.


Австриските власти ја затворија и најголемата турска џамија во Виена, а исто така наредија и протерување на имами во рамките на борбата против „политичкиот ислам“ кој што се рашири во оваа земја.

Откако Австријците го наредија затворањето на џамиите и протерувањето на имамите, следуваше жестока реакција од страна на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кој што порача дека владата на Курц сака светот да го втурне во војна помеѓу „крстот и полумечината“. Сепак, се чини дека Ердоган освен да се закани со зборови, не може да превземе ништо поконкретно.



Спонзорирани линкови

Маркетинг