СДСМ: Од ВМРО-ДПМНЕ лицемерно бегаат секогаш кога се расправа за прашања од врвен интерес

Макфакс

20/06/2018

14:54

1.051

Големина на фонт

а а а

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со своето лицемерно однесување кон граѓаните и опозициската партија повторно избегнува дебата кога станува збор за прашања што се од значаен интерес за државата, граѓаните и нивната иднина, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на пратеникот Драган Данев.

Од владејачката партија наведуваат дека договорот е патриотски чин и тоа, како што велат, го знаат и во ВМРО-ДПМНЕ од каде што, според нив, бегаат од дебата и во Собранието затоа што немаат аргументи.

„Залудни се лажните наводи на ВМРО-ДПМНЕ, процесот за ратификација на договорот, со кој се става крај на две и полдеценискиот спор со Грција е во согласност со процедурите. Не постои поевропски документ од овој договор и затоа е прифатена одлуката тој да биде со европско знаменце и расправата по него да се води во Комисијата за европски прашања“, се наведува во партиското соопштение.

Од СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ како опозициска партија треба да покаже елементарна одговорност, да излезе од деструктивната матрица и да учествува во процесот што става крај на долгогодишниот спор, односно да им овозможи на граѓаните да одлучат за македонската иднина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг