Блискиот исток не мирува: Палестинците напаѓаат со „огнени змејови“, Израелците возвраќаат со борбени авиони

Точка

18/06/2018

15:55

1.939

Големина на фонт

а а а

Израелски борбени авиони бомбардирале најмалку 9 локации во Појасот Газа, односно ги бомбардирале позициите на палестинската организација Хамас.

Од израелската армија откриваат дека тоа било одговор на „запаливите змејови и балони“ кои што Палестинците ги пуштаат преку границата на израелска територија и предизвикуваат материјална штета, посебно на земјоделските полиња.

Сирените се огласиле и на израелска територија, откако од Хамас не останале должни, па лансирале три ракети кон израелска територија. Сепак, една од трите лансирани ракети не ни стигнала на израелска територија, додека пак другите експлодирале на ненаселено место.

Во текот на изминатиот месец, Палестинците се служат со необична тактика – пуштаат Змејови со запалени крпи преку израелска територија и предизвикуваат пожари во Израел. На некои од летечките змејови дури имало и експлозивни направи.

И додека од Израел тврдат дека ова е нова тактика на Палестинците за да направат штета на израелска територија, според многумина, овие „напади“ всушност покажуваат во каква очајна состојба се наоѓаат Палестинците во Појасот Газа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг